вторник, 22 октомври 2024

Захарова: НАТО ја снабдува Приштина со оружје

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека НАТО ја снабдува Приштина со оружје и ѝ помага да формира сопствена војска, што не е дозволено со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, со премолчена согласност од Западот, самопрогласените косовски власти ги газат правата на населението на Косово и Метохија, водат политика на протерување на Србите од историските српски територии.

Таа потсети дека пред 25 години, на 10 јуни 1999 година, Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата 1244, со која е формирана мисијата на привремена управа на Обединетите нации на Косово (УНМИК), и наведе дека таа одлука овозможила конфликтот во поранешна Југославија да се пренесе во политичка рамка.

Во такви услови, истакна Захарова, повеќе од кога било е потребно полноправно присуство на ОН во српската автономна покраина Косово и Метохија, пред сè за да се осигураат безбедноста, стабилноста и почитувањето на човековите права во регионот. „Русија ги поддржува активностите на УНМИК и се залага за зачувување на нејзиниот финансиски и кадровски потенцијал. Веруваме дека УНМИК, а не „власта“ во Приштина, има право да го претставува Косово во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 1244“, истакна Захарова.

Таа кажа дека ставот на Москва е дека решението на косовското прашање мора да биде прифатливо за Белград, да се заснова на Резолуцијата 1244 и на крајот тоа решение да го одобри Советот за безбедност на ОН.

„САД и нивните сојузници, под лажниот изговор за заштита на косовските Албанци, извршија бројни воени злосторства. Тие реално не беа мотивирани од грижата за човековите права, туку од желбата на историски српската територија да создадат постојан извор на закани за Белград. А денес, Западот ги приморува Србите да се откажат од Косово, поттикнувајќи ги приштинските „власти“ да го чистат православното население, доведувајќи го регионот на раб на оружен конфликт“, заклучи портпаролката на руската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ