петок, 18 октомври 2024

Захарова: Нападот со дронови во Подмосковље е меѓународен тероризам

Објавено на

часот

Сподели

„Со оглед на тоа што Зеленски ги изведува овие терористички напади со оружје обезбедено од Западот или кое е купено од западни фондови, ова е меѓународен тероризам“, напиша Захарова на Телеграм.

Според неа, меѓународната заедница мора да разбере дека САД, Велика Британија, Франција, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како што наведе, „финансираат терористички режим“.

Руските служби за вонредни ситуации рано утринава објавија дека две беспилотни летала се соборени во Нова Москва, московски административен округ, и уште едно во областа Калушка, југозападно од главниот град на Русија.

РИА Новости подоцна објави дека уште два дрона биле соборени во Нова Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ