петок, 25 октомври 2024

Захарова: Кој сака да го уништи имиџот на Америка, нека ги пушта говорите на Бајден 24/7

Ако медиумите сакаат да создадат негативна слика за Соединетите Американски Држави, тие деноноќно би ги пуштале говорите на претседателот Џо Бајден, кажа портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи го американскиот извештај за „субверзивната работа“ на руските медиуми кој го подготви Јужната команда на САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во претходно објавениот извештај се наведува дека САД работата на руските медиуми во Јужна Америка, вклучувајќи ги Спутник мундо и телевизискиот канал РТ, ја гледаат како обид за поткопување на интересите на Вашингтон во регионот.

„Ако руските или кои било други медиуми би сакале да создадат негативна слика за Вашингтон, не би трошеле пари на извештаи или документарни филмови, туку едноставно би ги пренесувале говорите на Бајден дваесет и четири часа, седум дена неделно“, напиша Захарова на Телеграм.

Извештајот на командата наведува дека Соединетите Држави поради руските медиуми изгледаат како „алчна и империјалистичка држава која има цел да го максимизира извлекувањето на ресурсите од континентот“.

„Желбата на Русија да ги промовира доблестите на мултиполарниот свет“ меѓу државите од Централна и Јужна Америка, има за цел уништување на односите меѓу САД и нивните партнери во регионот, се оценува во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ