вторник, 22 октомври 2024

Загина мечка што претрчувала преку патот, нема повредени во автомобилот

Рано утрово, во 5.37 часот мечка претрчувала преку патот кај вториот каменолом на патот Гостивар – Охрид. Во тој момент во неа удрил автомобил.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата била пријавена на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

„Повредени во патничкото возило нема, додека мечката починала на лице место. Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од Гостивар и увидна екипа. Исто така известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување починатата мечка од магистралниот пат“, се вели во соопштението на ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ