вторник, 22 октомври 2024
Тешка сообраќајка

Загина 19-годишно момче, со автомобил излетал на регионалниот пат  Куманово-Липково

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат  Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило опел зафира со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт

Објавено на

часот

Сподели

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ