недела, 27 октомври 2024

Заеднички предлог на републиканците и демократите – претседателот и потпретседателот на САД јавно да ги обелоденат даночните пријави

Републиканците и демократите заедно напишаа неколку предлог закони кои беа претставени во Претставничкиот дом на Конгресот на Соединетите Американски Држави, а со кои од претседателот и потпретседателот на државата ќе се бара јавно да ги обелоденат своите даночни пријави за време и по својот престој во Белата куќа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сето ова се случува во изборна година во која Конгресот над претпоставените претседателски кандидати на двете партии води истраги, но сака и да го сузбие странското влијание врз американската политика.

Демократите пред два дена воведоа ривалски предлог закон со кој се зајакнува уставната забрана за претседателот на САД да прима подароци и пари од странски државјани без специјално одобрување од Конгресот, имајќи предвид дека Доналд Трамп, претпоставениот кандидат на републиканците, во времето додека беше претседател дрско го игнорираше уставот кога странски државници доаѓаа во неговите хотели и други објекти кои ги поседува.

Овие два законски предлози укажуваат дека двете партии имаат апетит за ревидирање на правилата на претседателската етика, со тоа што допрва треба да се види дали овие текстови воопшто ќе ја поминат конгресната дебата, а не пак да станат закони имајќи предвид дека републиканците и демократите жестоко се судираат во врска со однесувањето на Трамп, но и на актуелниот претседател Џо Бајден.

Предлогот на Џејмс Комер, републикански пратеник од Кентаки, и на Кејти Портер, демократска пратеничка од Калифорнија, е фокусиран на јакнење на транспарентноста и со него се бара обелоденување на старите уплати, подароци и заеми на најблиските членови на семејствата на претседателот и потпретседателот на државата.

Тоа е директна последица на загриженоста која владее меѓу пратениците на Конгресот околу работењето на децата на Трамп, но и на синот на Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ