вторник, 22 октомври 2024
Претседателска средба во Вила Водно

Заедничка соработка во регионалните иницијативи, договори Сиљановска Давкова со Беќировиќ и Милатовиќ

Важно е натамошно унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи, со цел интензивирање на евроинтеграциите и справување со предизвиците на регионално ниво, се согласиле денеска претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ. За регионалната соработка Сиљановска Давкова разговараше и со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Официјалната средба се одржала во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, што денеска ќе се одржи во Скопје.

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата биле разменети мислења за севкупните билатерални односи, за актуелните состојби и европската перспектива на двете земји, како и за безбедносните и политички аспекти во регионот.

Двајцата соговорници ги потврдиле заложбите за целосна интеграција во Европската Унија и изразија подготвеност за размена на искуства, меѓусебна помош и поддршка во реформските процеси.

„На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи, со цел интензивирање на евроинтеграциите и справување со предизвиците на регионално ниво. Соговорниците ја потврдија взаемната заложба за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес и ја посочија потребата од подобрување на инфраструктурното поврзување, стои во соопштението од кабинетот на Сиљановска Давкова.

На средбата со претстедателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ биле потврдени пријателските односи меѓу двете земји со изразена подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.

„Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот“, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова посочила дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.

На средбата, како што стои во соопштението, била изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО, а биле разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ