четврток, 28 ноември 2024

Англискиот судија негира дека намерно му дал жолт картон на Алиоски

Англискиот судија, Дејвид Кут во периодов е мета на повеќе скандали, а еден од нив е истрага за намерен жолт картон на нашиот Езгјан Алиоски во времето кога тој играше за Лидс.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатиот период се појавија видеа од Кут како користи дрога и како зборува лошо за Ливерпул. Последно се терети дека намерно му дал жолт картон на Алиоски, а пред натпреварот му кажал на пријател да се обложи на истото.

Кут реши да го прекине молкот и гласно да негира дека намерно му покажал жолт на Македонецот.

„Силно ги отфрлам овие лажни и клеветнички обвиненија. Без оглед на проблемите кои ги имав во приватниот живот, никогаш не влијаеле на моите одлуки на теренот. Секогаш сум го ценел интегритетот, ги судев натпреварите непристрасно и најдобро што можев“, кратко прокоментира Кут.

Суспензијата првично пристигна поради видеата на социјалните мрежи, а потоа се најде и скандалот со Алиоски и жолтиот картон. Кут во моментов не суди и чека пресуди.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ