недела, 20 октомври 2024

За Водици посебен режим на сообраќај во Скопје, јавниот превоз со неделен возен ред

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје денеска ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). И јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека од 8 часот се до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ до крстосницата со ул.„11 Октомври“, во двете насоки.

Во Општина Ѓорче Петров од 8 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, па од ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во Општина Аеродром од 10 cчасот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.

Денеска јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.

Од ЈСП Скопје велат дека денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека утре (сабота) сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ