четврток, 28 ноември 2024

За владиката Петар родовата еднаквост е опасна и погубна идеологија

Објавено на

часот

Сподели

Во велигденското послание митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар се осврна и на феминизмот, велејќи дека до неговата појава, жената била сопруга, мајка и домаќинка, а денес таа е високо еманципирана со забележителни позиции во општеството, но, како што рече, често и разведена и самохрана мајка.

Кога некој бара поголеми права треба да биде свесен и подготвен, а и способен да извршува повеќе и поголеми должности, а за тоа треба дури и да се одречеме од себеси, да живееме и да се трудиме за општото добро, за повисоки цели и идеали и да ги исполнуваме општоприфатените начела за етика и морал“, рече владиката Петар.

Во велигденското послание објавено на Велики петок, владиката Петар вели дека во Македонија сè повеќе постојат здруженија кои бараат поголеми права, а многу често, барајќи ги своите права на протести, гневот за своите нереализирани ставови, идеи и замисли го насочуваат кон црквата.

„Едно такво таканареченото феминистичко здружение во текот на велигденскиот пост, протестирајќи за своите права, имаше крајно несвкусен транспарентен однос против црквата“, рече владиката Петар.

За него барањето права без обврски е нихилизам.

„Треба дури да се одречеме од себеси, да живееме и да се трудиме за општо добро, за повисоки цели и идеали, да ги исполнуваме општоприфатените начела за етика и морал, да ги правиме општеството и светот подобри. Во спротивно, остварувањето на права без должности, што најсоодветно се нарекува анархија и хаос, го расипува и изопачува светот, кој, како таков, ја губи својата рамнотежа и хармонија. Токму таков е современиот свет, во кој семејството е поделено и дисфункционално, а човекот е сè поизгубен. Ете, таквото барање права без должности, кое всушност, ги негира и се спротивставува на основните човекови вредности е резултат на најпогубната и најотровната на човекот понудена идеологија – нихилизмот”, рече владиката Петар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ