вторник, 22 октомври 2024

За прв пат во историјата: Сите во групата завршија со ист број на бодови, Украина трагичар (ВИДЕО)

За прв пат во историјата на Европските првенства сите во групата завршија со ист број на бодови откако попладнево Романија одигра 1-1 против Словачка, а Украина и Белгија ремизираа 1-1.

 

Објавено на

часот

Сподели

Украина е трагичар на континенталниот собир во Германија, си оди дома и покрај тоа што освои 4 бода, а репрезентации со 3 бода се пласираат во осминафинале.

Ова се случи откако за прв пат во историјата на Европските првенства сите во групата завршија со ист број на бодови.

Вечерва во последното коло, Романија одигра 1-1 против Словачка, на мечот помеѓу Украина и Белгија немаше погодоци, па четирите репрезентации завршија со по 4 бода во групната фаза.

Романија поради најдобра гол разлика е прва на табелата, а Украина поради најлоша гол разлика е последна и ќе остане без нок-аут фаза.

Гол разликата и помогна на Белгија да финишира како втора и покрај тоа што загуби во меѓусебниот дуел со Словачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ