Од саннкционирани 170 пешаци, 149 се канети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а пет за минување на црвено светло. Од нив 34 пешаци добиле казни на територијата на СВР Битола, 32 на територија на СВР Тетово, 30 во Скопје…
За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци, велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.