Тој рече дека на состанокот на Советот на ЕУ ќе предложи да се укине анонимноста на социјалните мрежи и алгоритмите да бидат потранспарентни.
„Сопственик на ресторан е одговорен ако неговите клиенти се отрујат од неговата храна; сопствениците на социјалните мрежи исто така треба да одговараат ако нивните алгоритми го трујат нашето општество. Да ја вратиме контролата. Да ги направиме социјалните мрежи повторно големи“, рече Санчез.
Тој призна дека социјалните мрежи донеле некои придобивки, како што е поврзување на луѓето, но дека има и друга страна на медалот, „скриена во утробата на алгоритмите како натрапници скриени во Тројански коњ“.
Шпанската министерка за труд и вицепремиер Јоланда Дијаз вчера објави дека ја напушта Икс, социјалната мрежа на Илон Маск, поради неговото однесување за време на инаугурацијата на Доналд Трамп како 47-ми претседател на САД.