понеделник, 10 февруари 2025

Обид за убиство со нож во Крива Паланка по вербална расправија

Кумановското Основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против едно 25-годишно лице кое во семејниот дом во Крива Паланка, се обидело со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство. За лицето е побарано и определување мерка притвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, во семејниот дом во Крива Паланка, се обидел со умисла да лиши од живот 22-годишна девојка, пријателка на член од неговото семејство“, велат од Републичкото јавно обвинителство.

Во алкохолизирана состојба, осомничениот влегол во вербална расправија со жртвата, а потоа и физички ја нападнал, нанесувајќи и три убодни рани со нож во вратот. Според лекарите, жртвата во моментов не е во животозагрозувачка состојба, но ѝ се предизвикани тешки телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ