сабота, 8 февруари 2025

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај Скудриње

На 21 јануари 2025 година, во 13:26 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница – Дебар, во близина на крстосницата за село Скудриње, се случила сообраќајна несреќа.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата учествувале две патнички возила од марката фолксваген голф. Едното возило, со гостиварски регистарски ознаки, било управувано од Ф.К. (65) од село Равен, гостиварско, додека другото, со дебарски регистарски ознаки, било управувано од Џ.М. (38) од Дебар.

Во судирот со телесни повреди се здобил возачот Ф.К., додека неговата сопатничка Л.К. (48) од Република Албанија, со престој во село Равен, претрпела тешки телесни повреди. Повредените биле пренесени во болницата во Гостивар, каде што им била укажана медицинска помош.

На местото на несреќата извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. Причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ