недела, 14 јули 2024

За основците учебници во септември ќе има за средношколците не за сите

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека за учениците во основното образование ќе има учебници на почетокот на учебната година, а за средноколците ќе има во најголем дел.

Објавено на

часот

Сподели

„Да, во септември ќе има учебници. За основно ќе има за сите учебници и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците“, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ