вторник, 5 ноември 2024
Екипите на ЕВН и МЕПСО цела ноќ беа на терен

За околу еден час треба да добијат струја деловите од Скопје кои вчера останаа во мрак по невремето

Снабдувањето со електрична енергија во оние делови од Скопје кои повеќе од 10 часа немаат струја, се очекува да се нормализира за околу еден час, велат од ЕВН Македонија. Повеќе од 10 часа делови од Скопје останаа без струја по вчерашното невреме проследено со дожд, силен ветер и град.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму посочуваат дека во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои немаат струја.

„Екипите на Електродистрибуција и МЕПСО напорно работеа цела ноќ за да го поправат дефектот кој настана како резултат на вчерашното силно невреме кое го зафати Скопје. Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час. ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби“, велат од ЕВН Македонија.

По вчерашното краткотрајно невреме во Скопје, делови од градот повеќе од 10 часа останаа без струја.

Според информациите објавени синоќа причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети – паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ