сабота, 19 октомври 2024

За Нова Година во Аеродром ќе има светлосна фонтана, тунел, четири елки…

Во Општина Аеродром почнаа подготовките за украсување на населбата за новогодишната ноќ. Вчера преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување.

Објавено на

часот

Сподели

Новогодишното украсување на општината вклучува поставување и украсување на централна новогодишна, украсување на четири помали новогодишни елки, поставување светлосна фонтана и светлосен тунел, како и украсување со новогодишни украси и сијалички на неколку локации во општината.

Согласно плановите на општината, новогодишно украсување ќе биде поставено на парковите „Јане Сандански“, „Тоше Проески“, „Бановина“, „Мичурин“, „Бисер“, „Палма“ и паркот „Авионче“, како и улицата „Островска“ и кружниот тек на улицата „Коста Новаковиќ“.
Дополнително, општината подготви и предновогодишен настан кој ќе трае три дена, а на кој ќе настапат домашниот и регионални музички артисти.
Со новогодишното украсување Општина Аеродром го следи примерот на модерните европски градови, каде со новогодишните декорации и светилки се означува почетокот на новата година. Очекуваме, новогодишното украсување и предновогодишниот настан да донесат празнична атмосфера во Аеродром и да бидат причина за радост и среќа кај граѓаните кои живеат тука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ