петок, 18 октомври 2024
Партиски препукувања на сметка на скопскиот смет

За ѓубрето во Скопје СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ, тие ги обвинуваат СДСМ и Арсовска, ЛДП само Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

Аматеризам и неспособност владее во Скопје, од кој најголема цена плаќаат граѓаните. Либерално-демократската партија е крајно изненадена и затекната од моменталната состојба со ЈП „Комунална хигиена“ и последните случувања во јавното претпријатие задолжено за одржување на градската чистота.

„Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје е најнеспособната досега. Наместо развој и модернизација како што  Христијан Мицкоски ветуваше пред граѓаните кога ја бараше поддршката, на главниот град постојано му се случува нов хаос, одново и одново. Овој пат ДПМНЕ создаде хаос со сметот, Скопје се гуши во ѓубре. ДПМНЕ треба итно да преземе нешто, да се надмине проблемот и да се обезбеди функционалност на ЈП Комунална хигиена. Скопјани ваков однос не заслужуваат. Скопје ова не го заслужува. Во меѓувреме, градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје да земат нешто да работат и да помогнат во чистењето на ѓубрето“, рече денеска на прес конференција Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Скопје тоне во ѓубре, Ковачевски и Арсовска да се договорат да го исчистат исто како што се договараат за тендери, пишува меѓу другото во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што беа сложни Ковачевски и Арсовска кога советниците  на СДС и ги гласаа финансиските програми, така да бидат и сега и да го исчистат Скопје. Како што беа сложни со тендерот за гориво во ЈСП, така нека се сложни и сега и да го исчистат Скопје. Ковачевски и Арсовска го заглавија градот Скопје, секој месец нови проблеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Аматеризам и неспособност владее во Скопје, од кој најголема цена плаќаат граѓаните, реагираат од Либерално-демократската партија (ЛДП) која е „крајно изненадена и затекната од моменталната состојба со ЈП „Комунална Хигиена“ и последните случувања во јавното претпријатие задолжено за одржување на градската чистота“.

„Два дена откако директорката на претпријатието, се закани со отпуштање на неколку стотини вработени, главниот град се гуши во запуштено ѓубре и смет. Расфрланиот отпад околу кантите за отпадоци и контејнерите е ужасна глетка, но и претставува потенцијален извор на разни болести и зарази. Апелираме до менаџментот на  ЈП ,,Комунална Хигиена- Скопје “ и раководството на Град Скопје, час поскоро да ја сфатат сериозно ситуацијата, да најдат начин и да ја изменаџираат состојбата со запуштените контејнери. Правото на здрава и чиста животна средина е основно човеково право и ниту во еден случај не смее да биде предмет на теснопартиски интереси и средство за собирање политички поени. Доколку нема поместување на позициите, со брзи и ефикасни решенија, ЛДП преку своите претставници во локалните совети во Градот Скопје и општините и во рамки на своите надлежности, ќе преземе конкретни чекори за расчистување на отпадот и враќање на состојбата во нормала. Граѓаните се поважни од политичките суети“, велат од ЛДП.

МКД.мк објави дека Скопје се гуши во ѓубре затоа што дел од работниците во ЈП Комунална хигиена одбиваат да ги исполнат своите работни обврски затоа што бараат унапредување на своите права.

Поради ова реагираа и општина Центар и општина Аеродром.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје велат дека екопатроли секојдневно спроведуваат дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.

Оттаму тврдат дека во текот на јуни, со континуирани дежурства биле покриени десетина локации во општините Ѓорче Петров и Чаир, додека неделава биле реализирани дежурства и во скопските општини Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош. Во текот на минатиот месец биле подготвени 51 информативно-едукативен записник за лица што се затекнати при неправилно одлагање одпад.

„Според Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги празнат контејнерите поставени на територијата на градот Скопје еднаш во текот на денот, седум дена во неделата. Но и покрај фактот дека отпадот положен во садовите се подигнува и транспортира секој ден, повторно сме соочени со масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Преку дежурствата на нашата Еко-патрола се обидуваме максимално да ја превенираме појавата на диви депонии, но би сакала да истакнам дека ЈП Комунална хигиена-Скопје нема надлежност да ги казнува прекршителите на Законот за јавна чистота, туку истите само да ги информира и едуцира. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се задолжени да го соберат и да го транспортираат отпадот одложен во садовите, но дали локациите ќе останат чисти и по заминувањето на нашите екипи, во најголема мера зависи од постапките на самите граѓани“, изјави претходно денеска директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на својата фејсбук страна објави дека најостро ги осудува заканите кон вработените во Комунална хигиена Скопје по објавеното видео во медиумите каде, како што се наведува „што се слуша како директорката на Комунална хигиена упатува закани и навреди кон вработените“.

Поради ова реагираа

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ