сабота, 20 јули 2024

За Елмас се интересираат клубови од Англија, Шпанија и Германија

Објавено на

часот

Сподели

Иако најчесто ги почнуваше натпреварите од клупата за резерви, Елмас имаше сериозно влијание во резултатите на Наполи кои му донесоа Скудето, беше еден од најдобрите играчи во тимот.

Интересот за Елмас е голем, а дали тој ќе остане или ќе замине ќе зависи од плановите на новиот тренер на Наполи кој треба да биде назначен наскоро.

„Мислам дека Елиф е многу потценет фудбалер, а станува збор за млад играч кој има огромно искуство зашто веќе четири години игра на највисоко ниво. А, има огромен интерес за него, зашто е поливалентен фудбалер, кој може да игра на четири позиции. Пред него е голема иднина, но ќе следи евалуација со новиот тренер на Наполи, ќе видиме дали тој ќе верува во Елиф, секако и со раководството. Во зависност од тоа ќе бараме решение. И нема интерес за Елмас само од Премиерлигата, туку и од Ла Лига и од германски бундеслигаши“, рече менаџерот Гарди.

Италијанските медиуми претходно пишуваа дека Елмас сака да си замине доколку планот и за следната сезона е да биде користен како џокер, а не како стартер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ