среда, 24 јули 2024

За една недела 47 новозаболени од голема кашлица, вкупно 746 потврдени случаи

Не запира ширењето на големата кашлица. За една недела, од 7 до 13 јуни, пријавени се 47 болни од заразната болест, а тоа е за 23,7 отсто зголемување во споредба со претходната седмица. Шест пациенти се хоспитализирани. Вкупно досега се регистрирани 476 случаи, информираат од Институтот за јавно здравство.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје – 36 или 76,6 отсто. Пријавени се и пет случаи од Тетово, три од Куманово и по еден случај од Прилеп, Охрид и од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 35 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани, а едно лице е вакцинирано согласно возраст“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

 

Наведувајќи дека вкупно се регистрирани 746 случаи на оваа болест, Институтот нагласува дека тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно само 10 случаи.

Инаку, епидемија на голема кашлица е прогласена на територијата на Скопје и на Куманово. Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група до четири години.

 

Од 18 јануари до 13 јуни, дадени се вкупно 54.212 дози вакцина со компонента против голема кашлица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ