вторник, 16 јули 2024

За една недела 41 случај на голема кашлица, седум пациенти примени во болница

Од 14 до 20 јуни, пријавени се 41 нов случај на пертусис, односно  голема кашлица. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 31, седум случаи се евидентирани од Куманово, два од Тетово и еден случај од Македонски Брод.

Објавено на

часот

Сподели

Возраста на заболените се движи од еден месец до 81 година, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години. Од новите, седум случаи или 17,1 отсто се хоспитализирани, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Заклучно со 20 јуни во Македонија се регистрирани вкупно 786 случаи на голема кашлица, со инциденца од 42,8/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Најголем број од случаите се хоспитализирани во Универзитетска клиника за белодробни заболувања кај деца во Козле. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.

Епидемија на пертусис во сила е во Скопје и Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ