вторник, 22 октомври 2024

За еден месец, Македонија и официјално ќе претседава со ПСЈИЕ

Објавено на

часот

Сподели

Османи во своето обраќање, како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР),  се заблагодари за успешното претседавање на Црна Гора, афирмирајќи ја подготвеноста на Северна Македонија, да преку своите приоритети и посветеност, иницијативата продолжи да биде корисна платформа за соработка во регионот.

„Северна Македонија го презема претседавањето во тешки времиња, земајќи ја предвид сериозноста на војната што се води на нашиот континент против суверена и независна Украина. Kога ги разгледувавме можните приоритети на нашиот мандат како иден претседавач, токму ова, како и преостанатите регионални предизвици и отворени прашања, нѐ натераа да се вратиме на основните вредности врз кои се потпира иницијативата –  добрососедските односи, стабилноста, безбедноста, соработката стремежот за интеграција на нашите земји во евро-атлантското семејство на слободни и демократски народи“, рече Османи.

Меѓу другото, тој ја истакна важноста од заедничко дејствување за доброто на граѓаните на регионот, а во овој контекст и големата улога на земјите учеснички на ПСЈИЕ кои се и земји-членки на ЕУ.

Османи изрази благодарност за новиот план за раст на Западен Балкан, објавен од претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лејен минатата недела во Братислава, како навремен одговор на нашата молба за поголема интеграција пред членството во ЕУ.

„Тој процес треба да донесе некои од придобивките од членството за луѓето од Западен Балкан веќе денес“, порача Османи.

ПСЈИЕ е Процес за соработка на земјите од Југоисточна Европа. Во ПСЈИЕ членуваат 13 земји членки од регионот на Југоисточна Европа. Покрај Македонија, членки се и Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија, Косово, Романија, Србија, Турција, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

На средината на мај годинава во рамките на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше средба со претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ на која се изврши протоколарното примо-предавање на претседавањето со Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа од досегашниот претседавач, Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ