Вториот случај на семејно насилство е регистриран синоќа, кога маж ја нападнал поранешната партнерка во Штип.
„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Д.С. затоа што околу 18:30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна партнерка од Штип“, се вели во соопштението од МВР.
По целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.