вторник, 22 октомври 2024

За еден ден два регистрирани случаи на семејно насилство во Штип

Два случаи на семејно насилство се евидентирани во изминатите 24 часа на територија на СВР Штип. Во билтенот на МВР се наведува дека денеска, два часа по полноќ полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот Е.С. од Штип затоа што еден час претходно во дворот од семејната куќа во Штип агресивно се однесувал и со остар предмет им се заканувал на неговите татко, брат и снаа.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Вториот случај на семејно насилство е регистриран синоќа, кога маж ја нападнал поранешната партнерка во Штип.

„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот штипјанец Д.С. затоа што околу 18:30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал неговата поранешна 26-годишна партнерка од Штип“, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ