сабота, 19 октомври 2024

За две години само три пријави од укажувачи во 44 јавни претпријатија

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително, Студијата забележа и ограничени човечки капацитети со оглед дека од 44 јавни претпријатија, само 19 од нив имаат назначено овластено лице за постапување по пријави на укажувачи. Слабости се забележани и во делот на интерните антикорупциски процедури и практики. Па така, 23 јавни претпријатија немаат подготвено годишни планови за процена на ризици од корупција (или слични акти),  36 јавни претпријатија немаат акти за спречување на  судир на интереси и 37 јавни претпријатија немаат интерни акти за примање подароци на вработени во јавното претпријатие од трети лица“, информира ИСИЕ.
 
Анализата на студијата е насочена кон оцена на, техничките услови за постапување по пријави од укажувачи, кои се определени со Правилникот за заштитено внатрешно пријавување во јавен сектор, човечките капацитети кои се на располагање на јавните претпријатија, процедурите за постапување по пријава од укажувачи и односот на јавното претпријатие со основачот (општина или Владата). 

Во рамките на оваа студија направена е анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единиците на локалната самоуправа во четири плански региони (Источен, Пелагониски, Полошки и Скопски Плански Регион) за периодот 2020-2022 година. Исто така, во рамките на истражувањето се опфатени и јавните претпријатија основани од државата (Владата), а коишто имаат седиште во рамките на општина во некој од наведените плански региони опфатени со истражувањето. Во оваа студија беа анализирани вкупно 44 јавни претпријатија од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија, додека од едно претпријатие не се добиени податоци. Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи (18 општини и Владата), од кои обезбедени се податоци од 17 основачи (16 општини и Владата), додека од два основачи не се обезбедени податоци.
 
Наодите од Студијата се презентирани на посебни работилници организирани во Штип, Битола, Тетово и Скопје во мај годинава со претставници на општини и советници во општински совети и совет на Град Скопје и на  јавни претпријатија основани од општините, Градот Скопје и Владата и граѓански активисти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ