Во СВР Скопје завчера од Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда била донесена А.Н.(30) од населба Илинден, скопско. Според пријавеното, таа се здобила со повредата на 18 ноември 2024 околу 21 часот при извршување работни задачи во фирма во населба Илинден. За настанот бил известен трудов инспектор.
Вчера во 11 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во градот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен П.С. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така вчера попладне во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен С.С. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител.