– Изгасени се осум пожари на отворено во последното деноноќие, конкретно во Општина Кичево, село Другово (ѓубриште); Општина Свети Николе, во градот (ѓубре); Општина Штип, градски гробишта во Штип (сува трева); Општина Куманово, кај месноста викана „Бавче“, кај ООУ „Наим Фрашери“ и кај гробиштата во село Клечовце (сува трева); Општина Старо Нагоричане, кај гробишта во село Пелинце (сува трева) и во Општина Тетово, месноста викана „Расадиште“ (сува трева), соопшти утрово ЦУК.
Од ЦУК информираат дека изминатите 24 часа имало вкупно 2 225 повици на бројот 112, од коишто „реални“ биле 63,96 отсто, а 36,04 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 55,39 отсто, кон итната медицинска помош 31,13 отсто, а кон пожарникарите 10,54 отсто од реалните повици.