сабота, 23 ноември 2024

Вулин: Процесот на создавање на српскиот свет почна и не може да се сопре

Потпретседателот на српската влада Александар Вулин изјави во Бања Лука дека процесот на обединување на сите Срби почнал и дека тоа повеќе никој не може да го сопре.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вулин во Бања Лука се сретна со лидерот на босанските Срби Милорад Додик, а во за новинарите кажа дека Република Српска е најголемиот надворешнополитички приоритет на Србија. Повторно ја промовираше идејата за воспоставување „српски свет“ на основите на декларацијата на Сесрпскиот собир од јуни годинава.

„Тоа повеќе не може да се сопре. Процесот на создавање српски свет, процесот на обединување, е почнат“, изјави Вулин.

Американската влада во 2023 година го санкционираше Вулин, проценувајќи го за одговорен за корупциски и дестабилизирачки активности кои овозможиле „малигно руско влијание“ на Балканот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по тоа го смени од позицијата директор на разузнавачката агенција БИА, но потоа го постави за министер без ресор и потпретседател на владата задолжен за односите со Русија и РС.

Вулин во Бања Лука порача дека Вучиќ, заедно со Додик, ќе оди во Москва на 9 мај следната година на покана на рускиот претседател Владимир Путин и таму ќе учествува во одбележувањето на 80-годипнината од победата над нацизмот во Втората светска војна.

„Русија води праведна војна и во право е кога ги брани своите државни и национални интереси“, изјави Додик коментирајќи го конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ