четврток, 18 јули 2024

Вулин: Постои алтернатива за ЕУ – БРИКС е надежта

Потпретседателот на владата на Србија Александар Вулин истакна дека БРИКС е надежта и шансата за сојуз со сите земји кои не бараат ништо од нас, а можат да ни понудат и повеќе од што бараме.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вулин во авторски текст во весникот Политика напомена дека целта на текстот не е да споредува или да ги спротивставува БРИКС и Европската Унија, туку да покаже дека постои алтернатива за ЕУ, за која, како што кажа, длабоко верува дека е поблиску до крајот отколку до почетокот и дека е особено уверен дека „во тој клуб нема место за Србија, дури и ако се откаже од Косово и Метохија“.

Како што наведе, „за членство во БРИКС не е потребно да се усвојат закони кои се напишани надвор од границите на нашата земја, не мора да му се предаде власта на невладиниот сектор, не сте должни на вашата амбасада да го истакнете знамето на Украина или да ги озаконите истополовите бракови“.

„За членство во БРИКС не е потребно да се воведат санкции на кого било ниту да се препушти на други водењето на надворешната политика на вашата земја“, порача Вулин, кој е задолжен за унапредување на соработката со земјите од БРИКС: Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ