вторник, 8 октомври 2024

Вучиќ за (не)воведувањето санкции на Русија: На Србија никој не може да ѝ наредува што да прави

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа по состанокот со германскиот канцелар Олаф Шолц во Хамбург дека на Србија никој не може да ѝ наредува што да прави, по повод одбивањето на Белград да ѝ воведе санкции на Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ истакна дека сè уште не донел одлука за заминување во Дубровник каде ќе се одржи самитот на Украина и земјите од југоисточна Европа.

„Текстот на декларацијата е смислен за да има една земја која мора да каже дека не може да ја прифати, па тие да кажат „ете, ги фативме“, како ние нешто да криеме. Но ништо неочекувано. Не е доволно еднаш, туку петпати да се повтори истото за агресијата на Русија, па потоа доаѓаат до санкциите, па бараат сите да ги воведат. Нека опишуваат што сакаат, но да ни наредуваат што да правиме, е тоа не може“, кажа Вучиќ.

Коментирајќи ја одлуката на Приштина повторно да овозможи доток на стока од Србија преку административниот премин Мердаре, Вучиќ кажа дека секако очекува нови опструкции.

„Секој нормален човек ги препозна намерите на Приштина, но познавајќи ги Германците, тие ќе продолжат да инсистираат на слободен проток на стока и услуги. Тоа е важно за српската економија, а дали тие ќе дадат сè од себе за да го сопрат тоа – ќе направат“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ