среда, 23 октомври 2024

Вучиќ за именувањето на Хрват за известувач на Европскиот парламент: Ја разбравме пораката

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија добро ја разбрал пораката која ја испрати Европскиот парламент поставувајќи го Тонино Пицула за известувач на Европскиот парламент од Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не брзам со коментарите и ќе разговараме со него и ќе работиме со него. Но добро ја разбравме пораката на Европскиот парламент“, одговори Вучиќ на прашањето како го коментира поставувањето на Пицула.

Вучиќ оцени дека проблемот не е во тоа што Пицула е Хрват, туку во неговите ставови.

Тој напомена и дека повеќето функции во Европскиот парламент кои имаат врска со Србија ги вршат Естонци.

„Знаете дека Каја Калас, шефицата за безбедност и надворешни работи на ЕУ е од Естонија. Главниот човек на ЕУ во Украина, Мати Масикас, е исто така од Естонија. Знаете кој е главен човек, известувач за таканаречено Косово во Европскиот парламент: Како што слушам, токму сега ќе биде поставен повторно Естонец. А знаете кој е шеф на канцеларијата на Европската комисија на Косово? Повторно Естонец. Многу чудно, ќе се сложите. А нам ни дадоа Хрват“, заклучи Вучиќ.

Претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ слично реагираше на именувањето на Пицула.

„Ес која ви чест! Сè разбравме“, порача таа на својот профил на социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ