сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ во Њујорк: Злоупотребата на човековите права води кон уништување на традиционално конзервативните општества

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, на пленарната седница на „Самитот за иднината“ во Обединетите нации во Њујорк, кажа дека денес мирот е поважен од сè, но дека никој не го гледа како вистинска вредност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кажа, меѓу другото, и дека Србија е модерна земја, но дека не е спремна „да ги жртвува сопствените традиционални вредности“.

„Нема да би одземам време со цитирање на јунаци од стрипот Алан Форд или зборувајќи дека е подобро да имаме мир и соработка, отколку војна и конфликти, дека е подобро да биде здрави отколку болни. Исто така, не сакам да повторувам празни приказни за почитувањето на нормите на меѓународното право, бидејќи меѓународното јавно право се применува само на малите и не баш силни и само во ситуации кога не се нападнато од големите. Сепак, кога станува збор за најмоќните држави, неверојатно е колку лаги и лицемерие брутално го газат правото на Обединетите нации, а пред сè мирот. Мирот денес е поважен од сè, но никој не го гледа мирот како значајна вредност. Наспроти тоа, сите големи, правдајќи ги своите политики, зборуваат за праведен мир, што значи дека тие би требало да победат, а дека другите не треба само да изгубат, туку да бидат целосно уништени. Сите актери, без исклучок, ќе се повикаат на нормите на меѓународното право кои ним им одат во прилог, а намерно ќе забораваат што направиле и што прават денес. На тоа ќе ги потсетат другите големи, кои, исто така, ќе ги заборават сите тие злосторства, но сепак, ќе најдат бескрајни кршења на меѓународното право во случајот на првите“, кажа Вучиќ во обраќањето.

Тој кажа дека Србија го поддржува планот на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, како и Пактот за иднината, и покрај тоа што имаат забелешки и што би сакале да видат „повеќе компромиси за земјите во развој, како и тоа западните земји подобро да ги разбираат потребите на малите“.

„Сите пет тематски цели се важни за нас: одржливиот развој и финансирањето на развојот, меѓународниот мир и безбедноста, науката, технологијата и иновациите и дигиталната соработка, младите и идните генерации и трансформирањето на глобалното управување, но за какво финансирање на развојот, позиција на младите и одржлив развој можеме да зборуваме кога имаме големи регионални сили во светот и тензии во кои се вклучени речиси сите најголеми светски сили“, додаде српскиот претседател.

Кога станува збор за забелешките, наведе дека Србија го поддржува барањето на Групата 77 земји во развој, со кои е и Кина, и сметаат дека финансирањето на проблемите со климатските промени треба да биде одвоено прашање, а не дел од финансирањето на развојот. „Веруваме дека Соединетите Американски Држави и Европската Унија ќе имаат повеќе разбирање во реформите на постоечката финансиска инфраструктура. Исто така веруваме дека забелешките на Русија и Бразил, во кои прашањата на климата и климатските промени повеќе се поврзани со безбедноста, отколку со развојот, се сериозни и дека заслужуваат внимание“, кажа тој.

Вучиќ истакна дека „човековите права се едно“ и дека „нивната злоупотреба и претерување“ водат кон „уништување на традиционалните конзервативни општества“.

„Србија смета дека е многу важно да се најде рамнотежа меѓу западното население за владеење на правото од една страна и барањето на многу земји од другата страна, кога станува збор за семејните и традиционалните вредности. Човековите права се едно, а нивната злоупотреба и претерување водат кон уништување на традиционалните конзервативни општества, што многу земји низ светот не можат да го прифатат, особено кога станува збор за семејните вредности, кои ги цени и Република Србија. Србија е на својот европски пат. За разлика од многумина, Србија ги почитува нормите на меѓународното јавно право. Истовремено, Србија е и модерна земја, и не е спремна да ги жртвува сопствените традиционални вредности и ќе се спротивстави на надворешните обиди кои таканареченото „воук“ движење ги наметнува како највисока можна вредност и како состојба која, наводно, мораме да ја достигнеме во иднина“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ