вторник, 22 октомври 2024

Вучиќ, Орбан и Фицо заедно ќе се борат против нелегалните миграции

Унгарија, Словачка и Србија ќе ги продолжат заедничките напори чија цел е да се стават под контрола незаконските миграции во земјите од Европската Унија, порачаа денес нивните лидери, додавајќи дека за остварување на таа цел ќе бидат потребни поголеми средства од ЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот во словачкиот град Комарно на унгарската граница, лидерите зборуваа за своите настојувања да се намали бројот на мигранти, главно од Блискиот Исток и Африка, кои пристигнуваат по таканаречената балканска рута.

„Оваа година во Србија има 80 отсто помалку мигранти од минатата“, кажа српскиот претседател Александар Вучиќ по состанокот со словачкиот и унгарскиот премиер Роберт Фицо и Виктор Орбан.

Орбан кажа дека, пред да му се дозволи некому влез во ЕУ, би требало да се процени неговото барање за азил. Кажа дека само ваквиот модел, каков што се користи во Унгарија, дејствува против нелегалните мигранти.

Тој смета дека решение би можеле да бидат збирни пунктови поставени во последните безбедни земји за мигрантите, на пример во Африка.

Вучиќ кажа дека Србија никогаш нема да се согласи на такви пунктови за нелегални мигранти на своја територија.

Бројот на нелегални преминувања во првите девет месеци во 2024 на Западен Балкан паднал на нешто помалку од 17.000, околу 79 отсто помалку од минатата година, објави Фронтекс.

Домаќинот на самитот, словачкиот премиер Фицо борбата против нелегалната миграција ја нарече апсолутен приоритет, кажувајќи дека незаконската миграција одамна влијае на Европа.

„Главната тема на денешниот разговор е планирањето на следниот буџет на ЕУ по 2027, во рамки на кој мораме да инсистираме на тоа значителен дел од буџетот да се издвои за борбата против незаконските миграции кои сериозни ни се закануваат“, кажа Фицо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ