петок, 15 ноември 2024

Вучиќ: Го замолив Орбан да откупиме дел од сопственоста во нивна нуклеарна централа

Српскиот претседател Александар Вучиќ му понуди на унгарскиот премиер Виктор Орбан Србија да учествува со пет до десет проценти сопственост во изградбата на унгарската нуклеарна централа во Пакш и најави дека Белград ќе биде дел од единствената берза на електрична енергија со Словенија и Унгарија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државните делегации на двете земји денеска се сретнаа во Будимпешта и потпишаа низа билатерални договори, истакнувајќи дека унгарско-српските односи се на „највисоко историско ниво“ и дека двете земји имаат заеднички интереси во енергетскиот сектор, инфраструктурата и транспортот.

„Побарав од Орбан да ја разгледа можноста за откуп на пет или десет отсто од сопственоста во унгарската нуклеарна централа Пакш, а нашиот удел би бил околу 150 милиони евра“, изјави Вучиќ по заедничките средби и разговори со Орбан.

Тој оцени дека енергетската диверзификација е „многу лековита“, вклучително и проекти за понатамошен наем на складишта за гас, во време кога се очекуваат големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија низ Европа.

„И затоа сакаме да изградиме што повеќе станици за гас“, рече Вучиќ, потсетувајќи на своите разговори со азербејџанскиот претседател Илхан Алиев за испорака на азербејџански гас за Србија.

„Можно е и Унгарците да влезат заедно со нас за да можеме заеднички да го финансираме и да користиме електрична енергија (од гасни централи)“, рече Вучиќ.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека двете земји треба да се обидат да ги надоместат пропуштените можности во историјата бидејќи Унгарија сака да биде богата и со нетрпение очекува да има земја со исти амбиции во своето соседство.

„Една успешна Србија ја зајакнува Унгарија и ја зголемува нашата вредност. Во наш интерес е Србите да бидат успешни и да се богатат исто како нас. Ова е нашиот заеднички став кон иднината“, рече Орбан.

Тој рече дека Унгарија се снабдува од Србија со енергенти.

„Разговаравме за други инвестиции во снабдувањето со гас, складирањето гас и снабдувањето со електрична енергија. Заедничката берза за електрична енергија ќе започне да работи наскоро“, рече Орбан.

Унгарија ја потврди својата посветеност и поддршка на Србија во европските интеграции.

„За нас сите проекти со вас – во енергетиката, транспортот, економијата, полициската и воената соработка и меѓусебната поддршка на политичката арена се од големо значење. Ви благодариме Викторе“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ