среда, 25 септември 2024

Вучиќ дели одликувања по Њујорк

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача дека ќе ги одликува претставниците на држави кои биле на страната на Белград при гласањето за Резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Со резолуцијата 11 јули беше прогласен за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и беше осудено секое негирање на геноцидот и величење на осудените за воени злосторства. За необврзувачката резолуција гласаа помалку од половина – 84 од 193 држави членки на ОН, против беа 19 и воздржани 68.

„Гледам дека некои збеснаа поради тоа што ние ги одликуваме луѓето кои го штитеа меѓународното право и Србија. Тоа е наша работа е внатрешен акт“, кажа Вучиќ во Њујорк.

Вучиќ веќе му го додели Орденот на српското знаме од прв степен на Василиј Небензја, рускиот претставник во Обединетите нации, јавуваат српските медиуми.

„Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам на пријателските односи кои ги развиваме, за вашата помош која ни ја пруживте тука во Њујорк за време на расправата за Резолуцијата за Сребреница. Се надевам дека можеме дополнително да ја зајакнеме соработката меѓу нашите народи и нашите земји до ниво со кое сите ќе бидеме задоволни.

Ви благодарам уште еднаш, тоа беше тешка задача, јас тоа многу го ценам и од нас секогаш може да го очекувате истото. Ви посакувам успех, ова за мене беше голема чест“, порача Вучиќ на социјалните мрежи и објави фотографии од одликувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ