понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ за бугарската такса на рускиот гас: Постојат договори кои се јасни и недвосмислени

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека верува дека Србија ќе успее со Бугарија да го реши прашањето околу таксата која таа земја ја воведе на транзитот на рускиот гас.

Објавено на

часот

Сподели

„Верувам дека со нашите бугарски соседи ќе успееме да решиме сè, бидејќи постојат договори кои се јасни и недвосмислени“, кажа Вучиќ одговарајќи на новинарското прашање дали има нови информации во врска со таксата за рускиот гас на Бугарија.

Софија минатиот петок воведе данок на рускиот гас кој се испорачува преку нејзината територија за трети земји, а во моментов Србија се снабдува со руски гас преку јужната рута, односно Балкански тек.

Потрошувачите на гас во Србија но и сите кои купуваат производи за чие производство српските фабрики користат гас, а кои од 1 ноември ќе имаат сметки поголеми за 10 отсто, би можеле, доколку не се укине указот на бугарската влада, да го плаќаат гасот и поскапо, оценуваат експертите.

На цена од пет динари (околу 2,5 денари) за киловат час, колку што ќе поскапи гасот од 1 ноември, тоа би донело можеби уште еден динар по киловат час, но и дополнителни 320 динари по просечна сметка, како што смета Србијагас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ