среда, 30 октомври 2024

Вучиќ вечерва во Скопје на Светосавската академија, во друштво на Пендаровски и Ковачевски

Претседателот на Србија, Алексанадр Вучиќ денеска ќе дојде во Скопје и ќе присуствува на свечената академија по повод Националниот празник на Србите, Свети Сава организирана од српската заедница во Македонија. На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ и премиер во оставка, Димитар Ковачевски, како и други владини претставници и претставници на институции.

Објавено на

часот

Сподели

Светосавската академија ќе се одржи по 15. пат и на неа се одбележува празникот,  денот на просветителот Свети Сава.

Настанот е во организација на Српскиот културен центар во Скопје. Во поканата се наведува дека на настанот официјални обраќања ќе имаат официјални претставници од Македонија, Србија и Република Српска, како и дека со богата културна-уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ своето доаѓање во Скопје го најави уште во понеделникот на 22 јануари, кога учествуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот.

„За неколку дена повторно ќе дојдам во Северна Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ