„На 30 јануари во 18 часот во полициската станица во Неготино, Д.Т. (60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т. (28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, велат од МВР.
Миле последен пат бил забележан на 30 јануари околу 10.30 часот во Марена во Неготино.
Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек. По социјалните мрежи негови пријатели и роднини апелираат до граѓаните да помогнат во потрагата.