Ако она сакала да биде дел од екипата можеше да дојде кај мене и јас ќе и дозволев, а од кои причини тоа не го направила, а создала хаос во кабинетот…, се вели во писмената изјава на Каролина Симоновска.
„Морам да ве известам за да добиете точни информации. Се работи за др. Веселинка Јосифова Митровска која 6 месеци пласира лаги за екипата за бронхоскопија, а она сама уште пред шест месеци се откажа од бронхоскопијата иако јас во два наврати, еднаш усно, еднаш писмено ѝ кажав дека може да работи во тимот за бронхоскопија, но она еднаш одби да работи пред целиот колектив, а вториот пат писмено ми се обрати дека не може да работи со сегашната екипа и не сака да сноси одговорност за работата. На денот кога требаше да се извади страно тело, дел од индиски орев, кај мало дете, она влегла во кабинетот за бронхоскопија, направила немир и тензии кај докторката која требаше да ја изведе интервенцијата, ја попречи во работата, а со тоа го загрози и животот на детето.
Др. Бојана која требаше да ја изврши интервенцијата вознемирена дојде кај мене во три наврати да ме извести за ситуацијата. Јас прво ја испратив нашата правничка Јасмина да ѝ каже на др. Веселинка дека не смее да биде во кабинетот и не смее да прави тензична атмосфера, потоа се повика и обезбедувањето кое исто ја замолило да излезе, и на крај и јас истото ѝ го кажав, но она остана во кабинетот и направи тензична атмосфера викајќи и заканувајќи ми се мене и на сите дека никој не може да ја избрка. Тоа можеше да влијае на исходот на интервенцијата. Но за голема среќа сѐ се заврши добро.
Се свика комисија за утврдување на фактичката состојба, па потоа и дисциплинска комисија за нејзината постапка, незаконска работа и последиците што можеа да се случат со здравјето на детето и она доби отказ. Јас како директорка мора да се грижам нашите деца да бидат безбедни и да ги штитам од личности и ситуации кои може да го загрозат нивниот живот, а и да им овозможам на вработените да не работат под притисок и тензии при чувствителни интервенции кои се животно загрозувачки.
Ако ова не е пропаганда од СДСМ сите овие шест месеци, зошто СДСМ ја бранеше др.Веселинка, а никој не го спомена ризикот за интервенцијата и загрозеноста на детето што докторката го направи.
Зар животот на детето не е важен? Па ние докторите треба да се грижиме за децата, а не да им го загрозуваме животот“, се вели во писмената изјава на др Каролина Симоновскја, вд директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје.