сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ: Украина со признавањето на Косово ќе изгуби сѐ

Објавено на

часот

Сподели

„Украина ни е пријателска земја. Никогаш не сме имале никакви проблеми и се надевам дека нема да имаме. Мислам дека претседателот Зеленски, а го запознав и мислам дека знам да проценам нечија интелигенција, е многу помудар и попаметен од Мережко“, рече тој.

„Замислете Украина да го признае независно Косово. За еден ден губи сѐ. Како тогаш можат да кажат дека се придржуваат до меѓународното право“, праша Вучиќ и додаде дека притисокот да се признае Косово се спроведува, не само врз Киев, туку и врз пет членки на ЕУ кои не го сториле тоа, со постојано присутен притисок врз Белград.

Претседателот Вучиќ изрази уверување дека Зеленски нема да се откаже од адутот каков што е меѓународното право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ