сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ пред годишнината на Олуја: Никогаш повеќе нема да им го свртиме грбот на Србите западно од Дрина

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ ова го кажа откако заедно со претседателот на Република Српска Милорад Додик положи венци на спомен-обележјето во северозападна Босна и Херцеговина на патот меѓу Босански Петровац и Кључ, поставен во знак на сеќавање на загинатите цивили во колоната Срби кои за време на воено-полициската колона Олуја бегаа од Хрватска.

Хрватски воени авиони ја нападнаа колоната на Петровачка цеста на 7 август и ден подоцна во околината на Босански Нови. Според српската страна, тогаш загинале десет лица, вклучувајќи четири деца. Вучиќ истакна дека со години Србите не сакале и не смееле да ги одбележуваат своите трагедии, но сега тоа се сменило.

„Десет луѓе биле убиени само затоа што биле Срби, а четири се деца“, кажа Вучиќ додавајќи дека ги почитува и хрватските и бошњачките жртви, но не сака да дозволи да се занемаруваат српските. Најави дека лично „ќе направи сè за одговорните за убивањето на децата да бидат изведени пред правдата“, алудирајќи на обвинението на српското правосудство против четворица хрватски воени пилоти.

Српското обвинителство за воени злосторства минатата година обвини четворица пилоти на Хрватското воено воздухопловство обвинувајќи ги за напад врз цивили во колоните на Петровачка цеста на 7 и 8 август 1995 година.

Пилотите се обвинети по командна одговорност, а Србија сака да им суди тврдејќи дека имаат универзална јурисдикција над сите воени злосторства извршени на подрачјето на поранешна СФРЈ. Загреб најави дека ќе ги преземе сите мерки за правно да ги заштити хрватските пилоти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ