„Не сакам што било лошо да кажам, особено не денеска кога го славиме денот на соборноста и на српската слога. Но, ќе кажам само неколку зборови. Ја разбирам фрустрацијата кога имате онолку луѓе на протест. Па ние имавме вечерва повеќе луѓе во Скопје, отколку што имаа тие во Белград. Не може сите што сакаа да присуствуваат да влезат во салата. Нема да кажам колку луѓе имаше, мора да го чувате образот на политичките противници“, им изјави претседателот на Србија на српските новинари по свечената академија во Скопје на која присуствуваа претставниците на македонскиот државен врв, пратеници, политичари, дипломати, претставници на етничките и верски заедници и граѓани.
Во своето обраќање Вучиќ порача дека Србите немаат поблизок народ од Македонците и нагласи дека Србија од Македонија не бара ништо, ниту промена на Уставот ниту што било друго, но дека бара само едно – да се градат уште подобри односи.