сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ негира дека нарачал спотови против независните медиуми

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ вчера, одговарајќи на прашања на новинарите за време на посетата на Прибој, го повика Георгиев да „покаже докази“ за таквото тврдење.

„Немам поим. Тоа е истиот човек кој би нè ставил сите нас во концентрациони логори. Не знам за какви спотови зборува. Тие го имаат цело време на овој свет ништо да не работат и само да твитаат нешто. Немам поим за што зборува“, кажа Вучиќ.

Георгиев претходно вчера за телевизијата Н1 кажа дека „Александар Вучиќ е нарачател на спотовите против независните новинари и медиуми“, како и дека има докази за тоа.

Тој наведе како пример дека во 2015 година, по „нападите на ботовите на социјалните мрежи“ кои содржеле и закани по живот, му се јавил на Вучиќ кој тогаш бил премиер, за да му ја објасни ситуацијата, како и дека Вучиќ тогаш кажал дека „не знае ништо за тоа“, дека нападите по тој повик „престанале на некои шест месеци“.

На социјалните мрежи пред четири дена се појави спот против новинари на Н1, Нова С, Данас и Инсајдер, во кои се тврди дека нивната задача е „да ја сотрат српската култура и православието во Србија“.

Прикажувајќи фотографии од сегашни и поранешни новинари и уредници на тие медиуми, но и некои опозициски политичари, во спотот се наведува дека тие се „мрачниот свет на медиумите“.

Во спотот овие медиуми се обвинуваат дека се „инкарнација на антисрпската пропаганда“, а дека „нивната зла намера е да го сотрат српскиот идентитет, културата, традицијата и верата“. Во спотот се наведува дека сето тоа се финансира со српски пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ