вторник, 23 јули 2024

Вучиќ: На опозицијата ѝ пречи секој успех на Србија

Објавено на

часот

Сподели

„Сите луѓе знаат, првпат некој мери до секунда колку е вложено во кампањата за мое уривање. Секој ден од утро до мрак е исто, ни временската прогноза не може без да се спомне Вучиќ. Кога има сонце, ги тераме работниците да работат по жешкото, а кога има снег, повторно ги изненадил Вучиќ и неговите. Им пречи секој успех на Србија“, кажа српскиот претседател.

Истакна дека интересите на надворешните сили и домашните тајкуни се толку големи што тоа повеќе нема смисла.

Српскиот претседател се осврна на предизборната кампања на опозицијата.

„Тие прават нешто друго, живеат во својот балон во кој е вистина само тоа што тие ќе го кажат. Не ги интересира реалноста. Имаше некој експерт од Ниш, кој таму зборуваше, од листата на Србија против насилството, кој тврди дека се градат фабрики за кои тие преговарале. Тие живеат во заблуда дека сè што ќе кажат може да помине. Ги знам своите права, знам што смеам а што не, но мене да ме убедите дека сте човечки хеори, а не човечки срам, не можете“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ