вторник, 22 октомври 2024

Вучиќ: Курти по секоја цена сака да предизвика војна

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ направи генеза на настаните на северно Косово во изминатиов период, на бројни апсења и на шест повредени Срби во Косово, оценувајќи дека „целата криза започнала оној момент кога некој одлучил да се оди на избори за кои се знае дека се целосно нелегитимни.“

Говорејќи за вчерашното апсење на тројца вооружени припадници на косовската полиција, Вучиќ презентираше два доказа според кои „косовските полицајци се уапсени на 1,8 километри длабоко на територијата на Србија“ и дека има доказ дека „тие не побарале дозвола ниту го информирале КФОР да одат на административната граница, како што е досегашното правило“.

„Овие луѓе немаат што да бараат во таа област без одобрение од КФОР, особено со долги цевки. Имаме докази дека КФОР не бил информиран. Ги апсиме, не на 100 метри на територијата на централна Србија, туку на 1,8 километар од административната линија, на потегот Орахово-Гљивица“, истакна Вучиќ, додавајќи дека „еден или двајца од нив кажале дека не знаат да го користат ГПС системот“.

Тој гарантираше дека ниту еден војник на армиијата на Србија, ниту еден полицаец не ја преминал административната линија при апсењето на тројца припадници на косовската полиција, порачувајќи дека истрагата е во тек и дека полицијата и обвинителството работат со уапсените.

„Се води истрага. Тие не биле тепани, ниту малтретирани, ниту обезличени, што им се случува на Србите кога ќе бидат уапсени од полицијата на Курти. При апсењето било земено предвид и нивното достоинство“, рече Вучиќ. 

Во писмото до Курти, Борел наведува дека е подготвен да свика средба на високо ниво со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, под услов Курти да биде подготвен да ги преземе неопходните чекори за деескалација и да овозможи нови локални избори.

„Не можеме да постигнеме напредок во нормализацијата на односите додека се занимаваме со кризниот менаџмент. ЕУ и САД инвестираа многу во нормализацијата и сакаме да го видиме напредокот“, се наведува во писмото.

Борел одговори на планот од пет точки што Курти вчера го испрати до државите од Квинта и Брисел. Писмото го твитна портпаролот на високиот претставник, Питер Стано, наведувајќи дека Борел ги објаснил очекувањата на ЕУ и неопходните чекори за вистинска деескалација. 

Мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР, синоќа соопшти дека е во контакт со српските власти за да добие официјална информација во врска со настанот на граничната линија меѓу Косово и Србија.

Косовската полиција соопшти дека тројца нејзини припадници се „киднапирани“ на територијата на Косово, додека во Белград се вели дека биле уапсени од антитерористичките единици на Жандармеријата на територијата на централна Србија, во општина Рашка.

Инцидентот, како што соопшти косовската полиција, се случил вчера напладне, кога наводно биле киднапирани полицајци од српските сили при патрола во градот Тресава/Баре, на граничната линија на северот на Косово. Косовската полиција соопшти дека за овој инцидент го известила КФОР.

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, изјави дека ЕУ е во контакт со Косово и Србија, како и со КФОР, со цел да дознае повеќе што се случило со косовските полицајци за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од српските сили. „Ние сме во контакт со двете страни, како и со Кфор, за да утврдиме што точно се случило и како. Ги повикуваме Косово и Србија да се воздржат од каква било акција или реакција што може дополнително да ги зголеми тензиите. Го повторуваме повикот  за итна деескалација“, рече Стано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ