недела, 24 ноември 2024

Вучиќ: Ги замолив земјите од Квинта и ЕУ да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти денеска дека побарал од претставниците на Европската Унија и земјите од Квинта да го спречат косовскиот премиер Албин Курти да започне нова војна на Балканот.

„Разговарав со претставници на ЕУ и на Квинта. Ги замолив да направат се што е во нивна моќ и да го спречат Курти да започне нова војна на Балканот“, објави Вучиќ на Инстаграм со фотографија од денешната средба.

Ова е втора средба на Вучиќ со претставници на САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија и на ЕУ во два дена.

По вчерашната средба тој најави дека за тоа „нема да каже ниту збор“, а подоцна објасни дека „не сакал да каже ништо затоа што НАТО и ЕУ не ги почитуваат гаранциите дека нема да има апсења на косовските Срби кои мирно демонстрираат“.

Вучиќ денеска изјави дека на претставниците на Квинта ѝм пренел дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци биле уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на Косово.

По разговорот со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, Вучиќ рече дека понудил снимки од сите активности и на армијата и на полицијата, бидејќи нема причина да се крие нешто.

„Ние ѝм понудивме и на луѓето кои го извршија апсењето. Нека ги донесат своите испитувачи на полиграф и нека ѝм постават две прашања. Дали тие учествуваа во апсењето и дали апсењето се случи во централна Србија или во Косово. Никој не го одби тоа“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека српските безбедносни сили никогаш не ја преминале административната линија бидејќи имаат таква наредба и дека тоа е можно да се провери со КФОР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ