вторник, 22 октомври 2024

Вучиќ: Ако дојдат да разговараат, можеби и ќе им се исполни некое од барањата

Објавено на

часот

Сподели

„Кога народот не ги сака, подобро им е да дојдат да разговараат и јас ги повикувам да разговараат, можеби ќе постигнат нешто од нивните барања, а без да разговараат, постигнаа веќе многу – две барања“, рече Вучиќ во ТВ-гостување.

Тој оцени дека опозицијата не прифаќа ништо што им се нуди „бидејќи знаат дека народот не ги сака“.

„Тие не сакаат ни владата да поднесе оставка, затоа што мора да се оди на избори. Тие не сакаат ништо, бидејќи знаат како стојат меѓу народот“, рече Вучиќ.

Коментирајќи едно од барањата од протестот за разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој повтори дека тоа нема да го исполни.

„Зошто протестираат? Поради Бата Гашиќ? Значи не е поради мене, туку поради Бата Гашиќ. Е па не може. Еве, Вучиќ може, Бата Гашиќ не може.“

На прашањето од водителот: „Може ли целата влада? Може ли Вучиќ?“, српскиот претседател одговори: „Може сѐ, ама не може баш она што го сакате, бидејќи ова не е фонтана на желби, па да си играте со државата“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ