петок, 25 октомври 2024

ВСЏ: Русија им даде клучни податоци на Хутите за ракетни напади врз бродови во Црвеното Море

Русија обезбеди сателитски податоци претходно оваа година за да им помогне на јеменските бунтовници Хути да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море, објави синоќа Волстрит џурнал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот весник, повикувајќи се на извор запознаен со ова прашање и двајца анонимни европски одбранбени функционери, објави дека податоците ги пренеле припадници на иранската Исламска револуционерна гарда стационирани во Јемен и биле користени за гаѓање на бродови со проектили и беспилотни летала.

Исламистичките бунтовници Хути, кои се поддржани од Иран и контролираат големи делови од Јемен, почнаа да напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море во, како што велат, солидарност со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Нападите доведоа до драматичен пад на сообраќајот низ тој клучен бродски пат. Како одговор, САД и Велика Британија распоредија поморска коалиција во регионот и бомбардираа цели на Хутите во Јемен.

Во повеќе од 100 напади на Хутите во текот на речиси една година, четворица морнари беа убиени, а два брода потонаа, додека еден брод и неговиот екипаж остануваат во притвор откако беа киднапирани минатиот ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ