вторник, 22 октомври 2024

Врховните судии од двете страни на политичкиот спектар го поддржаа Трамп, нема да му ја забранат кандидатурата

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави вчера ги слушна аргументите во обидот на сојузната држава Колорадо да ја блокира кандидатурата на републиканецот Доналд Трамп на изборите во ноември, но судиите од двете страни на политичкиот спектар изразија сомнеж околу оправданоста на таквата одлука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Врховниот суд ги ислуша аргументите за тоа дали треба поранешниот американски претседател поради настаните на 6 јануари 2021, кога негови поддржувачи се обида да го спречат потврдувањето на победата на актуелниот претседател Џо Бајден, да биде дисквалификуван од повторно кандидирање за Белата куќа.

Врховниот суд на Колорадо пресуди дека Трамп не може да биде кандидат бидејќи учествувал во „бунт“ против американската држава, по што случајот е префрлен на Врховниот суд во Вашингтон. Одлуката на највисокиот американски суд се однесува на сите сојузни држави, откако во нив се поднесени низа обвиненија против републиканците, пишува Би-би-си.

Но, судиите на Врховниот суд на САД искажаа скепса кон аргументите на Колорадо. Тој суд има конзервативно мнозинство, а тројца судии се именувани за време на мандатот на Трамп, но негативно мислење за забраната на Колорадо на Трамп искажаа и двајцата либерални судии, Елена Каган и Кетанџи Браун Џексон, пишува Њујорк тајмс.

Конечната одлука нема да биде донесена набрзо, но се смета дека не подоцна од 5 март, таканаречениот супервторник, кога на предизбори излегуваат Колорадо и уште 14 други сојузни држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ